УШТЕ ЕДЕН МЕДАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА: И борачката Консевиќ со бронза! (ФОТО/ ВИДЕО)

Уште еден медал во борење за Македонија на Медитеранските игри во Таранто, Италија.

Откако претходно се запишаа три одликувања (две сребра и бронза) меѓу мажите во борењето, сега и нашата борачка Викторија Консевиќ во слободен стил, во категоријата до 57 килограми, се закити со бронзен медал.

Во борбата за третото место Консевиќ ја победи Србинката Милица Перовиќ со 7-5 на поени.

Се вчитува...