Уште еден проблем за Куман и Барса: Брајтвајт оди на операција!

Напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт, неколку месеци ќе биде надвор од теренот, откако медицинскиот персонал утврдил дека ќе мора да замине на операција за да ги реши проблемите со повреденото колено.

Конзервативниот метод за третман не донесе подобрувања за Данецот, поради што ќе мора да замине „под нож“, што ќе значи и далеку подолго отуство од предвиденото. Данскиот напаѓач се повреди во мечот против Гетафе пред репрезентативната пауза, а првичните проценки се дека нема да може да се врати до крајот на годината.

Барселона лошата вест ја добива еден ден пред дерби-дуелот против Баерн на „Камп ноу“ на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите.

Се вчитува...