Уште еден шок во ЛШ: Лион со лекција за Гвардиола и „граѓаните“ (ВИДЕО)

Уште еден шок во четвртфиналето на Лигата на шампионите е елиминацијата на Манчестер сити од Лион. Францускиот тим им одржа фудбалска лекција на Пеп Гвардиола и „граѓаните“ со триумф од 1-3 (0-1).

Уште во 24. минута Максвел Корне постигна погодок за предност од 0-1 за Лион по првите 45 минути…

Во второто полувреме, Де Бруин во 65. минута успеа да го израмни резултатот, но веќе во 79. минута со голот на Дембеле следеше нова предност за францускиот тим.


Конечните 1-3 во 87. минута ги постави Дембеле со својот втор погодок на натпреварот.

Лион во полуфиналето ќе се соочи со Баерн Минхен. Во втората полуфинална пресметка во најквалитетното европско клупско натпреварување ќе играат ПСЖ и Лајпциг.

Се вчитува...