Уште еден Словенец си замина од Вардар

Вардар успеа да задржи голем дел од клучните ракометари за наредната сезона, но „црвено-црните“ истовремено и се ослободуваат од оние кои не ја оправдаа довербата укажана со ланските трансфери.

Еден од нив е и Домен Сикошек Пелко, словенечкиот пивот кој не се снајде најдобро во црвено-црниот дрес. На Пелко му беше ставено до знаење дека веќе не се смета на неговите услуги, по што тој си обезбеди трансфер во шпанската АСОБАЛ-лига. Нов клуб на Словенецот ќе биде Ла Риоха, каде Пелко ќе го замени хрватскиот интернационалец Кушан, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на Пелистер.

Тој заедно со Русинот Горпишин требаше да го надополни заминувањето на Мораеш, но Пелко не се снајде најдобро во редовите на македонскиот тим, па заминувањето летово беше неизбежен потег. Тој е вториот Словенец што си замина од Вардар, откако Сташ Скубе ја продолжи кариерата во Брест Мешков.

Се вчитува...