Уште еден случај на Ковид-19 во НБА лигата

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Ерик Бледсо е последниот на кој му е потврдено дека е заразен од ковид-19 во НБА лигата. Бакс кои се први фаворити во источната конфереција е знак прашалник дали ќе може да сметаат на Бледсо на стартот на продолжението на сезоната кое е закажано за 30. јули.

Сепак, и покрај тоа што ќе мора да биде во самоизолација не е голем проблем за тимот бидејќи тие го имаат осигурано првото место на Истокот, а Бледсо ќе биде подготвен за плеј-офот.

 

Се вчитува...