Уште еден Стојановски во МЗТ Скопје?

МЗТ Скопје го задржа Васко Атанасов за тренер и во наредната сезона, а раководството на македонскиот првак во меѓувреме преговара за засилување на играчкиот кадар.

Клучно ќе биде останувањето на лидерите на тимот, браќата Војдан и Дамјан Стојановски кои се блиску до потпишување на нов договор, а последните информации говорат дека МЗТ ќе има и трет кошаркар со истото презиме во редовите на актуелниот шампион на Македонија.

Лука Стојановски би требало да го облече дресот на аеродромци од новата сезона откако преговорите со македонскиот репрезентативец течеа во позитивна насока и двете страни се многу блиску до потпишување на договор. Стојановски минатите сезони го носеше дресот на Пелистер, но неизвесноста околу иднината на битолскиот клуб и заминувањето на речиси сите првотимци придонесе тој да бара нов клуб, а шампионот МЗТ дефинитивно е со најголеми шанси да го осигура потписот на овој кошаркар.

Се вчитува...