Уште еден тениски ас се откажа од Ролан Гарос

Карлос Алкараз повлече нога, па организаторите на Ролан Гарос се соочуваат со нов проблем по откажувањето на уште еден тениски ас.

Британецот Џек Дрејпер објави дека ќе го пропушти остатокот од сезоната на земјена подлога, вклучувајќи го и Ролан Гарос, поради проблемите со коленото што го мачат овој 24-годишен тенисер веќе подолго време.

Дрејпер поради овој проблем се откажа среде меч на турнирот со Барселона, потоа објави дека нема да игра во Мадрид и во Рим за да биде „фит“ за Ролан Гарос. Сепак, рехабилитацијата се одвива далеку побавно од првичните лекарски прогнози, па тој беше принуден да го откаже настапот и на францускиот гранслем.

„Проблемот со коленото не е наивен. Почнав да удирам топчиња на тренинг, но ллеккарите ми препорачаа дека е ризично да играм на Ролан Гарос. Колку и да е болно да не играм, разбирам дека е голем ризикот ако морам да играм пет сета без престан на земјена подлога“, истакна Џек Дрејпер.

Се вчитува...