Уште еден тим од ЛШ влегува во СЕХА-лигата?

Украинскиот првак Мотор е подготвен да стане дел од СЕХА-лигата, откако преговорите за приклучок на овој клуб кон регионалното натпреварување влегле во завршна фаза. Украинските медиуми објавија дека прелиминарните разговори биле успешни, а Мотор ги обезбедил сите неопходни гаранции што биле побарани од раководството на СЕХА. Според овие информации, официјалното вклучување на Украинците во „ракометното семејство“ на СЕХА се очекува во текот на следната седмица.

СЕХА дефинитивно добива на квалитет со враќањето на Веспрем, а со вклучувањето на Мотор оваа лига би добила уште еден тим од елитните групи во Лигата на шампионите, заедно со Веспрем, Загреб и Вардар.

Раководството на регионалното натпреварување најави дека конечниот изглед на лигата и листата на сите учесници ќе биде обелоденета во текот на следниот месец. Промени ќе има во имињата на претставниците од Србија, откако место во СЕХА обезбеди Металопластика, заедно со актуелниот првак на нашиот северен сосед, екипата на Војводина.

Се вчитува...