Уште една драма за Пелистер: Трилер победа со Бутел (29-28)

Уште еден драматичен натпревар за Пелистер во Суперлигата на Македонија, славејќи во трилер завршница против Бутел со 29-28 (13-16).

Гостите од Скопје одлично го почнаа мечот стекнувајќи се со предност од 1-5, но потоа следеше далеку поагресивна игра на домашните кои сепак на полувремето заминаа со негатива од 13-16.

Во второто полувреме Пелистер комплетно се врати во игра. Во драматично неизвесна завршница на крајот Пелистер стигна до победата од 29-28.

Претходно, во останатите денешни натпревари лидерот Еурофарм Работник славеше против Тинекс Пролет со 35-26, Струга беше подобра од Радовиш со 37-27 а во последниот натпревар вечерва Прилеп го победи Вардар јуниор со 25-22.

Еурофарм во моментов е лидер на табелата со 31 бод по 11 одиграни натпревари, Бутел е втор со 27, додека Пелистер е трет со 23 бодови.

Се вчитува...