Уште една гранслем-титула за Мертенс и Сабаленка

Елиз Мертенс и Арина Сабаленка се нови шампиони на Австралија опен во двојки, тие во финалето беа подобри од Катерина Синијакова и Барбора Крејчикова со 6-2 и 6-3.

Мечот траеше 81 минута, а во првиот сет видовме три последователни брејка, по што Елиз и Арина ја презедоа контролата.

Во вториот сет, двојката Мертенс-Сабаленка спаси две брејк топки на третиот гејм, а потоа направи клучен брејк во осмиот. Ниту последниот гејм не беше лесен – три одбранети брејк топки и на крајот беше реализирана четвртата меч топка која донесе уште една титулата за Мертенс-Сабаленка. Ова е втора гранслем титула во двојки за нив, а првата ја освоија на УС Опен во 2019 година, кога во финалето ги совладаа Викторија Азаренка и Ешли Барти.

И Сабаленка и Мертенс имаа солиден настап и во сингл – Белорусинката беше елиминирана во тесен натпревар во осминафиналето од Серена Вилијамс, а во истата фаза Каролина Мухова беше подобра од Мертенс.

Се вчитува...