Уште една контроверзна изјава на Де Лаурентис: Кој сака титула нека си навива за Јувентус

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис со уште една изјава која спаѓа во оние контроверзните. Постојани се шпекулациите дека Де Лаурентис ќе го продаде Наполи, но тој упорно тврди дека нема шанса тоа да се случи.

„Во животот соништата значат дека не живеете. Продолжувате да сонувата, а потоа се будите и што потоа? Сонувате ли вие секогаш исто? Противниците на наполитанците сакаат да го продадам клубот, но додека сум жив – Наполи ќе биде мој“ – вели Де Лаурентис, кои притоа имаше и порака за некои нетрпеливи навивачи:

„Кој сака секогаш и одма титула, нека оди да навива за Јувентус. Ние не трошиме пари така лесно како некои други, но затоа создаваме традиција“.

Се вчитува...