Уште една поранешна шампионка се откажа од УС Опен

Еден ден по Серена Вилијамс, своето учество на УС Опен го откажа и нејзината повозрасна сестра, Венус Вилијамс. Искусната Американка имаше добиено вајлд-карта за директно учество на овој гранслемн турнир, но не успеа да ги надмине проблемите со повредата на ногата што ја мачеа веќе неколку месеци.

Таа се обиде да се врати на турнирот во Чикаго, но откако загуби во првото коло од Хсиех од Тајван увиде дека е предалеку од посакуваната форма за да се натпреварува во Њујорк.

„Многу сум разочарани. Подолго време се мачам со болка во ногата, што ме спречува да тренирам и играм на највисоко ниво“, изјави Венус Вилијамс.

Венус е шампионка на УС Опен од 2000 и 2001 година, а откажувањето ја остави на 22 настапи на американскиот гранслем турнир. Покрај сестрите Вилијамс, овој гранслем турнир ќе го пропуштат и шампионот од лани на машкиот турнир, Доминик Тим, како и Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Се вчитува...