Уште една сезона и пензија – Рибери се враќа во Баерн Минхен

Легендарниот фудбалер Франк Рибери се враќа во Баерн Минхен, пренесува новинарот на германскиот весник Блид, Кристијан Фалк. Французинот кој ги бранеше боите на баварците од 2007 до 2019 години се враќа на добро познатото место каде и ќе стави крај на својата богата кариера.

Рибери за минхенскиот клуб одигра 425 натпревари и постигна 124 погодоци. Девет пати беше освојувач на германското првенство, шест пати го освојуваше Купот на Германија, четири Суперкупа, Лигата на Шампионите во сезоната 2012/13, како и Суперкупот во следната сезона.

Сенироската кариера напаѓачот ја започна во Булоњ во 2000 година по што следа трансфери во Олимпик Але, Брест, Метс, Галатасарај, Марсеј, а по 12 години поминати во Минхен, претходните две сезони го носеше дресот на Фиорентина.

Се вчитува...