Уште една шлаканица за Инфантино и ФИФА

Шокантниот план на Џани Инфантино за продажба на дел од комерцијалните права на фудбалските мундијали наидува на огромен отпор низ целиот свет.

УЕФА со сите свои членки во текот на вчерашниот ден објави дека ќе се откаже од сите натпреварувања под капата на ФИФА додека овој план воопшто се разгледува и доколку воопшто биде усвоен, а доцна синоќа Инфантино доби нова шлаканица.

КОНКАКАФ зоната испрати јасна порака до раководството на ФИФА – дека воопшто не го поддржува планот за дополнителна комерцијализација на светското првенство. Сите 41 делегати беа едногласни во ставот дека нема да гласаат за оваа идеја.

Дополнително, огромен дел од нив за време на состанокот гласно го критикувале Инфантино, не криејќи ги сомнежите да не му дадат поддршка во обидот да стигне до нов мандат за претседател на ФИФА.

Доколку светската куќа на фудбалот не го повлече предлогот, за негово изгласување ќе бидат потребни најмалку 106 гласа од вкупно 2111 делегати. УЕФА и КОНКАКАФ заедно имаат 96 делегати на ова собрание, а Инфантино наидува и на сериозен отпор од Азија, па ќе биде интересно да се види дали ќе успее да „преврти“ дел од делегатите, во спротивно – овој негов луд план е осуден на пропаст.

Се вчитува...