Уште една тенисерка ја напушти Русија и одбра друга држава за која ќе игра!

Руската тенисерка Оксана Селекметева, моментално 88. во светот, во иднина ќе се натпреварува под шпанско знаме, пишуваат европските медиуми.

Во отсуство на посилни домашни тенисерки активни во женската конкуренција, Шпанската тениска федерација во последните години се обидува да привлече талентирани играчи од други земји. Таа успеа да ги придобие неколку од нив на своја страна.

Прва беше Ребека Масарова, родена во Швајцарија, која кратко играше за Шпанија, а потоа се врати во Швајцарија, во сегашниот тим е родената во Америка, Кејтлин Кеведо, поранешна членка на репрезентацијата на САД, а ново име е Оксана Селекметева.

Интересно е што таа е веќе осмата руска тенисерка која одлучи да го промени државјанството по нападот на Русија врз Украина. Пред неа, Дарија Касаткина (Австралија), Анастасија Потапова (Австрија), Камила Ракимова (Узбекистан), Марија Тимофеева (Узбекистан), Полина Кудермецова (Узбекистан), Варвара Грачева (Франција) и Елина Аванесјан (Ерменија) одлучија да го направат тој чекор.

Се вчитува...