Уште една тениска „ѕвезда“ се откажа од Вимблдон

Само неколку часа откако Рафаел Надал го откажа учеството на Вимблдон, британскиот гранслем турнир остана и без една од најголемите ѕвезди во женска конкуренција, откако Наоми Осака објави дека нема да патува за Лондон.

Jапонката пред петнаесетина дена самата се откажа од настапот на Ролан Гарос, неполни 24 часа откако беше казнета од организаторите со 15.000 долари поради непојавување на задолжителната прес-конференција. Се очекуваше таа биде максимално подготвена за Вимблдон, но Осака денеска ги изненади фановите откако беше обелоденето дека нема да биде дел од третиот гранслем турнир за оваа година.

„Наоми нема да игра на Вимблдон годинава. Таа си зеде малку слободно време за да го мине со пријателите и со семејството. Осака ќе биде подготвена за Олимписките Игри, возбудена е што ќе игра на домашен терен пред своите фанови“, потврдија од тренерскиот тим на Наоми Осака.

Се вчитува...