Уште една тренерска смена во Бундес-лигата

Ахим Бирлорцер е втората тренерска „жртва“ по само две одиграни кола во Бундес-лигата, откако стратегот на Мајнц денеска доби отказ од функцијата. Како пресуден се покажа убедливиот пораз од 1-4 на домашен терен од Штутгарт, по што челниците на Мајнц се решија да го сменат тренерот на самиот старт од новата сезона.

„Секако дека сум разочаран од одлуката на управата. Сепак, му посакувам на клубот се најдобро во иднина“, кратко изјави Бирлорцер.

Овој стручњак пристигна во Мајнц во ноември 2019 година и му помогна на клубот да обезбеди опстанок во елитното друштво. Сепак, променливите игри во подготовките и слабиот старт на сезоната придонесе тој да си замине по само две одиграни кола во Бундес-лигата.

Бирлорцер не е првиот стратег што добива отказ сезонава во елитното германско фудбалско друштво, откако вчера Давид Вагнер беше отпуштен од Шалке.

Се вчитува...