Уште една тренерска смена во Премиерлигата

После Томас Франк, кој доби отказ од Тотенхем, од вчера и Нотингем Форест е без менаџер. По ремито без голови против Вулверхемптон, „шумарите“ му врачија отказ на Шон Дајч.

Дајч се задржа на клупата на Нотингем 114 денови, откако дојде на местото на Енџи Постекоглу. Имаше договор до 2027 година, но нема да го одработи истиот. Нотингем и натаму е во опасната зона, и има 27 бодови на 17-тото место, или три повеќе од Вест Хем кој е во зоната на испаѓање. Клубот има само една победа на последните пет меча, што беше доволна причина за разделба.

„Сакаме да му се заблагодариме на Шон и на неговиот персонал за нивните напори за време на нивниот престој во клубот и им посакуваме многу среќа во иднина. Во овој момент нема да даваме дополнителни коментари“, стои во соопштението на Нотингем.

Ова е нова смена во англиската Премиерлигата, каде досега се сменија многу менаџери. Претходно тренерите ги променија Челси, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Вест Хем…

Се вчитува...