По Филип Антовски, Јакупи Бериша, Тодор Тодоровски како и младинскиот репрезентативец Бесар Исени, ФК Вардар низ актуелниот зимски преоден рок остана без уште една своја надеж, 18-годишниот Алекс Талески.
Младиот офанзивец кариерата ќе ја продолжи во најдобриот чешки клуб, потпишувајќи двегодишен договор. Талески е роден во Мелбурн, но минатата сезона се одлучи да пристапи во редовите на Вардар со желба за почеток на европска кариера.
Алекс Талески е стандарден член е на македонската репрезентација до 19 години а фудбалски потекнува од школата на Грин кавалирс во Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА