Секое наредно коло од ракометниот турнир на Олимписките Игри во Токио носи и се поголем предизвик за македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Тие беспрекорно го отсудеа дуелот меѓу Португалија и Египет во првото коло, во втората рунда беа на висина на задачата на пресметката меѓу Норвешка и Шпанија, за да добијат уште едно огромно дерби во утрешното трето коло.
Македонците ќе бидат задолжени за делење на правдата на мега-пресметката меѓу Франција и Германија, меч што на програмата е утре со почеток во 14.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА