Уште едно засилување за Силекс: Потпиша и Дарио Десниќ од Скопје!

Кратовски Силекс продолжува со компонирањето на новиот тим за новата натпреварувачка сезона. Кратовци денеска го промовираа и петтото засилување досега – досегашниот офанзивец на Скопје, Дарио Десниќ.

24-годишниот Десниќ, по одличната сезона во дресот на Скопје, сега сериозно треба да го засили нападот во составот на Жикица Тасевски. Со Силекс потпиша двегодишен договор, до јуни 2020 година.

Претходно како што е познато, Силекс го засилија и бековите Стефан Коцев од Лирија Призрен, Филип Миленковски од Пелистер, францускиот интернационалец Мбела од Шкупи како и српскиот голман Спасоје Стефановиќ кој дојде од ФК Скопје.

Се вчитува...