Уште не е дојдено „времето на Алексис Санчез“ во Интер

Интер реди триумфи во „Серија А“, што е доволна причина за Антонио Конте да не менува премногу во тимот што победува. „Нероаѕурите“ утре ќе го пречекаат Лацио во нов италијански дерби-дуел, се очекува мала ротација кога станува збор за стартниот тим, но тоа нема да значи и шанса од првата минута за Алексис Санчез.

Чилеанецот пристигна пред самиот крај на преодниот рок и требаше да биде значајно засилување за нападот, но Конте очигледно не е задоволен од она што го гледа на тренинзите, па не му дава преголема шанса на поранешниот ас на Арсенал, Барселона и на Удинезе.

„Се уште не е дојдено времето на Алексис Санчез во нашиот клуб. Тој ќе почне да игра кога ќе почне да го прикажува она што јас го барам од сите фудбалери. Она што како тренер го правам е бранење на интересите на клубот, мене не ми е работа да ги исполнувам поединечните желби на играчите“ – изјави Конте.

Се вчитува...