Реал Мадрид сака да ја следи традицијата, и да потпишува играчи кои се слободни на пазарот. И тоа планира уште од сега со кого ќе потпише на почетокот на сезоната 2026/27.
Според „Марка“, кралскиот клуб веќе идентификувал кандидати кои би можеле да го засилат тимот. Станува збор за Ибрахима Конате, стоперот на Ливерпул кому му истекува договорот. Тој ќе биде прв пик за одбраната идната сезона.
Исто така „кралевите“ ја следат ситуацијата и со 18-годишниот фудбалер на Арсенал, Мајлс Луис-Скели кој исто така има договор до крајот на идната сезона. Потенцијално засилување би можел да биде и Кристијан Москера, дефанзивецот на Валенсија, кој исто така би можел да ја засили одбраната на Чаби Алонсо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА