Уште пет засилувања за Брегалница (ФОТО)

Стартувајќи со подготовките за новата сезона, штипска Брегалница се засили и со уште пет нови имиња.

Досегашните фудбалери на гевгелиски Кожуф, Мартин Шишков и Ристе Каракамишев, десниот бек Тони Мирчевски од Борец Велес, 17-годишниот голман од Победа, Антонио Столевски и досегашниот офанзивец на Беласица, Пепи Ѓоргиев, се најнови засилувања на Брегалница која во иднина ќе биде сопственост на ФК Кит Го.

Претходно, како што е познато, штипјани се засилија и со Иван Настевски, Мартин Стојанов и Благој Гуцев од Кит Го, Анес Османовски од германски Унтерахинг, Стојанче Велинов од Академија Пандев, Филип Миленковски од Силекс, Марио Наумоски од Победа и Мишко Арсовски од Пелистер.

Штипјани во моментов ги реализираат своите подготовки во Пехчево. Како што е познато, од денеска и официјално нов сопственик на Брегалница е Кирил Гогов, актуелниот финансиер и на ФК Кит Го од Пехчево.

Се вчитува...