Тотенхем мора да брка победа на вечерашното гостување на „Камп ноу“, а домашниот тренер Ернесто Валверде значително им ја олесни задачата на „спарси“ со изборот на играчи за стартниот тим на Барселона на овој натпревар.
Суарез и Умтити според очекувањата не се во тимот, но Валверде изненади откако на клупата за резерви го пресели и Лео Меси, кој претхоно беше најавуван како сигурен стартер. Од остатокот од стартерите во екипата ќе ги нема ниту голманот Тер Штеген, но и главниот дефанзивец Пике.
Барселона вечерашниот натпревар ќе го стартува со овие единаесет фудбалери: Силесен, Семедо, Вермален, Ленглет, Миранда, Алена, Ракитиќ, Артур, Дембеле, Кутињо и Мунир.
На спротивната страна, Тотенхем ќе го почне мечот со: Љорис, Вокер – Питес, Алдерверелд, Фертонген, Роуз, Винкс, Сисоко, Ериксен, Деле Али, Сон и Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА