Успехот се исплати: Вардар ќе добие 3,5 милиони евра, 500.000 евра премија за фудбалерите

Фантастичниот резултат во Истанбул значи не само историски пласман во групната фаза од едно европско натпреварување, туку и големо освежување на буџетот на Вардар.

Според пресметките на УЕФА, македонскиот првак ќе добие 960.000 евра од самото учество во квалификациите за ЛШ, како и дополнителни 2,6 милиони евра со пласманот во групната фаза од Лигата на Европа. Севкупно, одлична заработувачка од 3,56 милиони евра, сума што гарантира стабилна иднина за клубот.

Оваа сума дополнително ќе се зголеми од продажбата на билети за трите домашни средби, за кои се очекува „Телеком арена“ да биде исполнета до последно место.

Според најавите, фудбалерите и стручниот штаб за пласман во групната фаза од натпреварите во Лигата на Европа ќе поделат и вкупна премија од околу 500.000 евра.

Се вчитува...