Успешен кам-бек на тенисерката која паузираше 1,5 година поради допинг

Романската тенисерка Симона Халеп, се врати на тениските терени, по пауза од 1,5 година поради допинг. Нејзината казна првично беше суспензија од четири години, но неодамна и е намалена на девет месеци. „Кам-бекот“ на некогашната светска тенисерка број 1 беше успешен, затоа што во 1. коло во Мастерсот во Мајами ја  совлада Паула Бадоса од Шпанија со 1-6, 6-4, 6-3.

Халеп во Мајами заигра првпат после УС Опен 2022 година, и тоа со покана на организаторот, откако и беше намалена казната. Со тоа некогашната освојувачка на Ролан Гарос и Вимблдон се врати на тенисот.

Халеп беше суспендирана откако излезе позитивна на забранетиот роксадустат на УС Опен. Меѓународната агенција за интегритети на тенисот ја суспендираа 32-годишната тенисерка на четири години поради кршење на антидопинг правилата.

Се вчитува...