Успешна контрола: Еурофарм Пелистер го совлада Целје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа успешна контрола во Словенија, откако во пријателски натпревар на гостински терен го совладаа тимот на Целје со 30-32.

Иако битолчани се ослабени поради неиграњето на неколку клучни првотимци, тоа не се одрази врз изданието во нападот, кое овозможи да се стигне до посакуваниот резултат. На одмор се замина со израмнети 15-15, но Еурофарм Пелистер предводен од Периќ беше поумешен во завршницата, стигнувајќи до триумф што дополнително ќе ја зголеми самодовербата во пресрет на вториот дел од сезоната.

Периќ беше најефикасен во таборот на битолските фармацевти со девет погодоци, а шест постигна Табоада.

Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер 30-32 (15-15)

Спортска сала „Златорог Арена“ – Целје. Дејан Цветник и Урош Тврншек (Словенија)

Целје Пивоварна Лашко: Бојиќ, Качижњик, Терзиќ, Mазеј 4, Корже Лезјак 1, Разгор, Цокан 7, Иванковиќ 4, Кодрин 1, Жабиќ 1, Mлакар 2, Влах 9, Сухолежник 1, Габершек Седмерци: 7/5 Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер: Кизиќ 1, Ивановски, Ојлески, Кукуловски 3, Павле Атанасијевиќ, Кузманоски, Танкоски, Периќ 9, Костески 3, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 3, Обрадовиќ 4, Табоада 6, Арсеновски 1. Седмерци: 4/3. Исклучувања: 4 минути

Се вчитува...