Успешно опериран Димитар Димитриоски

Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Димитар Димитриоски успешно е опериран по повредата на менискусот поради која беше подолг период надвор од терените. Ракометарот на битолчани наскоро ќе го почне процесот на рехабилитација, како што побрзо би се вратил на теренот.

Димитар Димитриоски кариерата ја почна во Металург каде беше се до 2019 година кога премина во РК Вардар. Во Еурофарм Пелистер 2 стигна на почетокот на сезонава и до повредата беше еден од најдобрите ракометари на тимот.

Се вчитува...