Утешното трето место за Барселона

ЕКИПА во Келн,

Катерина Павлова Николовска

Барселона го освои третото место на Ф4 турнирот во ракометната Лига на шампионите во Келн откако го победи Киелце во утешното мало финале со 40-35.

Шпанскиот состав кој дојде како прв претендент за титулата, во битката за третото место беше доминантен, го контролираше резултатот и постојано ја имаше предноста. Во воведното полувреме имаше највисоки плус пет гола, додоека во вториот дел достигна и дистанца од шест погодоци. Киелце се обидуваше да достигне, но не успеваше да намали на помалку од три негатива.

Дика Мем со осум гола беше прв стрелец во победата на Барселона, Јуре Доленец постигна седум.

Барселона минатата година не беше дел од Ф4 турнирот, пред две сезони по полуфиналниот пораз од вардар, во дуелот за третото место беше поразена од Веспрем. Последен пат шампионската титула, Бара ја освои во 2015, а Киелце беше шампион една година подоцна.

Се вчитува...