Утре е „денот на Емре Џан“ во Јувентус

Веќе нема никакви дилеми, Емре Џан ќе стане нов фудбалер на Јувентус откако ги договори сите детали околу трансферот во редовите на „старата дама“. Германскиот интернационалец, кој не е дел од својата селекција на СП 2018, во текот на утрешниот ден ќе пристигне во Торино, па по лекарските прегледи и официјално ќе потпише четиригодишен договор со италијаскиот шампион.

Тој доаѓа во таборот на Јувентус како слободен играч, по истекот на договорот со Ливерпул. Според италијанските медиуми, Џан ќе заработува пет милиони евра по сезона во црно-белиот дрес.

Јувентус веќе го потпиша голманот Перин од Џенова како наследник на Буфон, а во тек се и преговорите со рускиот репрезентативец Головин. Воедно, тренерот Алегри инсистира биде вратен Алваро Мората, кој пред две години си замина од Јувентус, но немаше позначаен успех како член на Реал Мадрид, потоа и на Челси.

Се вчитува...