Утре стартува продажбата на билетите: Македонија – Италија во Скопје по цена од 300 до 500 денари!

Од утре, 30. август, започнува продажбата на билети за натпреварот на Македонија – Италија кој на 9. септември се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП 2024, информира Фудбалската федерација на Македонија.

ФФМ, излегувајќи во пресрет на сите љубители на фудбалот, се одлучи на максимално прифатливи цени, кои ќе изнесуваат од 300 и 500 денари.

Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Италија ќе се организира преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА (Национална арена „Тодор Проески“, 09. септември, 20:45 часот)

Северна трибина

Блок 13 и 19                             300 денари

Блок 14, 18, 20 и 24                 500 денари

Јужна трибина

Блок 1 и 6                                 300 денари

Блок 2, 3, 4  и 5                        500 денари

Западна трибина

Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30     300 денари

Продажба преку билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 7., 8. и 9. септември од 10 до 18 часот. 

Продажни места:

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Веро Центар

• Литература – ТЦ Буњаковец

• Литература МК  – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол  – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литерара МК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• Литература МК

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

Се вчитува...