Ужас во Бреша: Тешка сообраќајна несреќа на Балотели (ВИДЕО)

Ужасни вести денеска ја обиколија фудбалска Европа, со информацијата дека поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели синоќа доживеал тешка сообраќајна несреќа во Италија.

Италијанските медиуми информираа дека Балотели имал страшна несреќа во Бреша, по која сепак се чувствува добро и е надвор од животна опасност.

Несреќата се случила на улиците на Бреша, а полицијата потврди дека Балотели бил зад воланот на автомобилот кој е целосно уништен.

Според првите информации, до несреќата дошло поради неприлагодена брзина, напаѓачот на Адана Демирспор загубил контрола над автомобилот, па се забил во ограда покрај патот.

Тој е, за среќа, добро иако како што информираа од полицијата одбил алкотест на лице место, што било крајно изненадувачки.

Се вчитува...