Крајно непријатна вест сподели поранешната вардарова ракометарка Камила Херем преку социјалните мрежи, информирајќи дека и е дијагностициран рак на дојка.
38-годишната норвешка репрезентативка, која се уште е активна во ракометот, преку својот Инстаграм профил, информираше дека од пред кратко време се соочува со ужасната болест, дека воопшто не и е лесно, но дека верува во победа и на ова животно поле.
„Пред три и пол недели почувствував грутка во градите, некаде со големина на зрно грашок, и си помислив дека морам да проверам што е тоа. Минатата недела направив ултразвук и мамографија, а потоа ме повикаа од болницата и ме прашаа дали можам да дојдам. Тогаш ми кажаа дека имам рак на дојка. Се уште сум во шок, и не можам се уште да поверувам дека ова се случува. Утре започнувам со хемотерапија“ – открива Херем, видно потресена на видеото на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Камила Херем за Вардар играше во сезоната 2016/2017 доаѓајќи со црвено-црните и до финалето во Лигата на шампионите.
Има бројни трофеи со репрезентацијата на Норвешка од Олимписки игри, светски и европски првенства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА