Ужасно лоши вести за Артета и Арсенал пред мечот со Астон Вила

Фудбалерите на Арсенал моментално се лидери во Премиерлигата, а со вечерашниот натпревар на „Емирати“ ја завршуваат 2025 година. Сите во Арсенал се надеваат на победа против Астон Вила дома, но јасно е дека натпреварот ќе биде сè друго освен лесен.

Астон Вила покажа и против Арсенал во првиот натпревар на „Вила Парк“ дека навистина знаат да играат фудбал. Арсенал потоа беше поразен во последните секунди од натпреварот и јасно е дека сака да се одмазди за тоа денес на „Емирати“.

Дополнително, Астон Вила славеше пред неколку дена во Лондон против Челси и тоа по пресврт. Тие се на третото место во Премиерлигата и со победа на „Емирати“ би биле еден чекор поблиску до чудото да бидат шампиони на крајот од сезоната.

Заедно со Арсенал и Астон Вила, во борбата за титулата е и Манчестер Сити.

Но, Артета и сите во Арсенал токму пред дуелот вечерва ја дознаа катастрофалната вест поврзана со Деклан Рајс. Имено, овој фудбалер ќе го пропушти вечервашниот натпревар против Астон Вила и јасно е дека ова му создава голем проблем на Артета.

Се вчитува...