Ужасни насилство на натпреварот од Третата фудбалска лига меѓу Фортуна и Пчиња, кој изминатиов викенд се играше во Синѓелиќ.
Дуелот бил прекинат во 75. минута при резултат 1-1, откако гостите одбиле да продолжат да играат по скндалозниот напад над голманот на Пчиња, кој најпрво останал без свест а потоа е итно преенесен во клинички центар.
Како што информираат до јавноста од ФК Пчиња, домашната публика прво ја нападнала гостинската составена од родители и роднини на играчите на Пчиња, а потоа настанала хаотична ситуација и на теренот кога навивачите на Фортуна ја пробиле заштитната ограда и влетале на терен. Заедно со нив домашен фудбалер од клупата за резерви го нападнал голманот на Пчиња, Никола Стојановски кој останал без свест, а додека лежел на терен добил дополителни удари од домашните фудбалери.
Гостите на крај, со припадници на Единицата за брзи интервенции го напуштиле теренот и Синѓелиќ. На голманот Стојановски дополнително му е укажана лекарска помош.
„Натпреварот беше тензичен и се играше константно под притисок, нашата екипа поведе рано, нешто подоцна израмни екипата на Фортуна и со резултат 1-1 заминавме на паузата. Се беше во ред се до моментот кога навивачите на Фортуна ја нападнаа нашата публика, напомена дека тоа беа роднини и пријатели на нашите играчи, а не навивачка група! Во 75. минута ситуацијата ескалираше, беше турната заштитната ограда и навивачите на Фортуна влегоа на терен, ситуацијата се смири и играта продолжи, но еден од играчите на Фортуна кој се наоѓаше на клупата за резервни играчи физички го нападна нашиот голман Никола Стојановски кој при овој напад остана без свест и во состојба кога нашиот голман лежеше на теренот 5-6 фудбалери го “клоцаа” на теренот, нормално во таква ситуација нашиот играч Боби Стојановски сакаше да го заштити нашиот голман, но и тој беше физички нападнат од играчите на Фортуна. Нешто подоцна делегатите донесоа одлука натпреварот да продолжи, но нашата екипа немаше услови за такво нешто бидејки нашиот голман беше пренесен итно во болницата во Куманово, каде се уште се наоѓа, а нашите млади играчи беа преплашени од таквата ситуација. Сето оваа надлежните од ФФМ можат да го видат на видео снимките од натпреварот и веројатно ќе се донесат најстроги санкции за играчите на Фортуна за таквото вандалско однесување на еден спортски настан. Исто така нашата екипа мораше да причека да дојде “интервентната” полиција за да го напушти теренот, напомена дека истиот проблем го пријави и нашата публика! Сега на потег е ФФМ и сигурни сме дека ќе донесе реална и правична одлука за денешниот немил и неспортски настан што се случи на стадионот на Фортуна во Сингелиќ!“ – информира по мечот тренерот на Пчиња, Часлав Вукановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

