ВАДА: „Чистите“ спортисти загубија верба во системот

Одлуката на Спортскиот суд во Лозана за ослободување од обвинение за допинг на 28 руски спортисти и потоа повторениот став од Меѓународниот олимписки комитет дека остануваат под суспензија, предизвика хаотична ситуација.

„Ситуацијата во која се наоѓаме моментно е многу хаотична. „Чистите“ спортисти и навивачите насекаде низ светот, изгубија доверба во системот. Тоа мора да се сопре, бидејќи ваквата ситуација е неприфатлива“ – изјави потпретседателката на Светската антидопинг агенција (ВАДА), линда Хофстад.

Спортскиот суд во Лозана  ослободи 28 руски спортисти од обвинението за допинг и со таа одлука ги укина доживотните суспензии кои претходно ги изрече Меѓународниот олимписки комитет. ИОК, пак веднаш по објавувањето наодлуката од Судот, соопшти дека не е сигурно дали на овие спортисти ќе им биде дозволено да учествуваат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг што ќе се одржат од 9 до 25 февруари.

Се вчитува...