ВАДА и ФИФА му ја кројат судбината на рускиот фудбал: Нов допинг-скандал

Пакет со податоци и документи за наводно „државно спонзориран“ допинг на фудбалери во Русија. Ова е најновото откритие на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) кое до крајот од месецов ќе биде испратено до ФИФА. Портпаролот на Светската фудбалска асоцијација ја потврди информацијата.

ВАДА наводно има пакет информации добиени минатата година од московската лабораторија во кој има податоци за тоа дека 298 индивидуи од различни спортови за користење допинг кои ќе ги испрати до сите анти-допинг агенции и до надлежните меѓународни федерации.

Уште во 2017, ФИФА добила информмации дека во 2016 година најмалку 36 руски фудбалери користеле допинг. Се претпоставува дека има и повеќе инволвирани играчи кои се дел од огромниот допинг скандал поради кој Русија е суспендирана од речиси сите големи спортски настани. Се тврди дека меѓу посочените 36 фудбалери е и целиот тим од 23 играчи кои за Русија настапуваше на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Помошта од „државата“ што ја добивале фудбалерите била на повеќе начини. Некои добивале супстанции за подобри перформанси, некои паѓале на допинг-тестови кои биле затскривани, трети добивале гаранции дека никогаш нема да бидат позитивни на тестовите без разлика на ралниот исход од испитувањето.

 

 

 

Се вчитува...