Вахид Халилхоџиќ нов тренер на Нант

Францускиот прволигаш Нант го именува Вахид Халилхоџиќ за нов тренер, откако претходно се раздели со Мигел Кардозо. Лошите резултати по осум кола во новиот шампионат на Франција доведоа до промена на кормилото. Нант оствари само една победа на осум натпревари и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата со шест освоени бода.

Халилхоџиќ потпиша двегодишен договор и негова мисија ќе биде да го одведе тимот во помирни води, подалеку од дното на табелата. Тој во фудбалската кариера го носеше дресот на Нант во периодот од 1981 до 1986 година, а последен пат беше на селекторската позиција на Јапонија.

Се вчитува...