Вајналдум по една сезона го напушта ПСЖ

Францускиот шампион Пари Сен Жермен е отворен за разговор около продажба или позајмица на Жоржињо Вајналдум по само една сезона помината во клубот од Париз.

Холанѓанецот минатото лето стигна на „Паркот на принцовите“ од Ливерпул како големо засилување, меѓутоа во ниту еден момент не беше главна опција на средината на тренерот на тренерот Маурицио Покетино.

Тој настапи на 38 натпревари на кои постигна само три гола. Договорот на Вајналдум е во траење од уште две години, па тоа значи дека најверојатно тој ќе биде испратен на позајмица. Интерес за Холанѓанецот покажаа, Евертон, Лестер, Вест Хем и Вулверхемптон.

Се вчитува...