Вајналдум се сели од Ливерпул на „Камп Ноу“ за 20 милиони евра

Драмата во Барселона со заминувањето на најголемата ѕвезда Лионел Меси го преокупира секој навивач на каталонскиот клуб, но тренерот Роналд Куман се обидува да се дистанцира и работи на склопување на другите коцки во мозаикот на тимот за следната сезона. По се изгледа дека Куман сака малку повеќе да ја „холандизира“ Барса.

Џорџинио Вајналдум, играчот за врска на англискиот шампион Ливерпул и холандски репрезентативец, треба да биде ново засилување на каталонскиот гигант. Тој се согласил на преселба на „Камп Ноу“ и ќе потпише тригодишен договор со Барселона, со опција за продолжување на соработката и за уште една дополнителна сезона. Останува само двата клуба и дефинитивно да ја договорат отштетата која треба да изнесува околу 20 милиони евра.

Куман сака да го купи и Садио Мане од Ливерпул, но доколку Лионел Меси и дефинитивно одлучи да замине од клубот. Од продажбата на Аргентинецот би се отворил нов голем финансиски фонд за купување на нови фудбалери. Голема желба на новиот тренер е и уште еден Холанѓанец, Мемфис Депај од Лион, а подолг период се водат преговори и со Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер.

Се вчитува...