Вајперс до „хет-трик“ во женската Лига на шампиони

Ракометарките на Вајперс Кристијансанд ја одбранија титулата во женската Лига на шампиони откако славеа во финалето на Ф4 турнирот во „Ласло пап“ арената во Будимпешта против домашниот Ференцварош со 28-24.

Норвежанките подобро го отворија натпреварот и на средината на првото полувреме стигнаа до плус пет (9-4). Домаќинките успеаја да се консолидираат и на пауза да заминат на само минус еден (14-13).

Вајперс на неверојатен начин го стартуваше и второто полувреме, па на една четвртина до крајот на мечот стигнаа до највисоки плус осум (24-16).

До крајот го исконтролираа мечот за трета титула во историјата на ова натпреварување. Вјахирева и Нес Андерсен со по шест гола беа најефикасни во победничкиот табор, а неверојатна на голот беше и легендарната Катрин Лунде која заврши со 16 одбрани и го зема признанието за МВП на завршниот турнир. Кај поразените по пет гола постигнаа Емили Болк и Андреа Лекиќ.

Се вчитува...