Селекторот на Грузија, Словакот Владимир Вајс го соопшти списокот на репрезентацијата за натпреварот од Лигата на нациите против Македонија кој се игра на 8. септември во Тбилиси.
Вајс за дуелот со Македонија поради повреда нема да може да смета на централниот дефанзивец Џими Табидзе кој настапува за рускиот премиерлигаш Уфа. На списокот на Вајс се 27 фудбалери од кои тројца дебитанти, Георги Куција, Давид Кобоури, и двајцата од Динамо Тбилиси, и Ника Мали од Субартало.
Грузијците ќе бидат и без двајцата стандардни репрезентативци дефанзивецот Гурам Кашиа (76 настапи во националниот дрес) и фудбалерот од средниот ред Валери Казаишвили (44 настапи) кои настапуваат во Сан Хозе во МЛС лигата во САД. И двајцата ќе недостасуваат поради регулативите за задолжителен карантин од 14 дена при евентуално пристигнување од САД.
СПИСОКОТ НА ГРУЗИЈА ЗА НАТПРЕВАРОТ СО МАКЕДОНИЈА ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ:
Голмани: Георги Лориа (Анортозис, Кипар), Гиорги Макаридзе (Виторија Сетубал, Португалија), Лазар Купатадзе (Сабуртало, Грузија)
Одбрана: Отар Какабадзе (Луцерн, Швајцарија), Давит Кочолава (Шахтјор Доњецк, Украина), Џиа Џи (Арсенал Тула, Русија), Соломон Кверквелија (Ротор, Русија), Лаша Двали (Ференцварош, Унгарија), Ника Мали (Сабуртало, Грузија), Гиорги Наваловски (Динамо Батуми, Грузија), Давит Кобоури (Динамо Тбилиси, Грузија).
Среден ред: Јаба Канкава (Тобол, Казахстан), Отар Китеишвили (Штурм, Австрија), Вако Гвилија (Легија, Полска), Гиорги Чакветадзе (Гент, Белгија), Гиорги Абурјаниа (Твенте, Холандија), Муртаз Даушвили (Анортозис, Кипар), Ника Квеквешкири (Тобол, Казахстан), Саба Лобжанидзе (Анкара, Турција), Квича Кваратшхелија (Рубин Казан, Русија), Зурико Давиташвили (Ротор, Русија), Гиорги Куција (Динамо, Грузија), Јаба Јигаури (Динамо Батуми, Грузија).
Напад: Гиорги Квилитаија (Гент, Белгија), Торнике Окриашвили (Анортозис, Кипар), Ника Качарава (Анортозис, Кипар).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА