Вајс има победа и реми со Македонија, но како селектор на Словачка

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија
Владимир Булатовиќ

Македонија и Грузија ги очекува прва меѓусебна пресметка во историјата на двете селекции, но за селекторот на Грузијците, Владимир Вајс, не е непозната тема.

Вајс веќе има две пресметки со македонската репрезентација, но како предводник на репрезентацијата на Словачка. Во тренерската статистика на Вајс се запишани реми и победа против Македонија.

На 3. септември 2010 ја предводеше Словачка во Братислава до триумф против Македонија од 1-0. На клупата на македонската репрезентација беше Мирсад Јонуз. А на 11. октомври 2011 година запиша реми на гостувањето во Скопје. Тогаш стрелец за македонската селекција беше Николче Новески.

Горан Пандев, тогаш, ја предводеше Македонија на дуелот во Братислав, но не беше во составот на дуелот во Скопје кој го игравме под палката на Џон Тошак.

Се вчитува...