Вајс: Ние сме тие кои загубија два бода

ЕКИПА во Тбилиси,

Владимир Булатовиќ

Грузија имаше играч повеќе на теренот во Тбилиси речиси половина час, но не успеа тоа да го материјализира и да ја победи Македонија. Оттаму, селекторот Владимир Вајс смета дека Грузијците се тие кои загубија два бода на овој меч, односно не ги освоија.

„На овој меч ние сме тие кои загубивме два бода, затоа што пропуштивме три одлични шанси во второто полувреме. Секако сакавме победа, имавме и играч повеќе, но да не заборавиме дека игравме против одличен противник во чии редови играат врвни фудбалери како Пандев, Барди, Елмас… Така, кога се ќе се сумира, може и да бидеме задоволни со ремито затоа што беше навистина еден борбен, тежок натпревар“, изјави селекторот на Грузија.

Се вчитува...