Вајс: Знаеме како игра Македонија, ќе бидеме подготвени

Селекторот на Грузија Владимир Вајс порача дека неговите избраници максимално сериозно ќе влезат во утрешниот натпревар од Лигата на Нации против Македонија. Станува збор за пресметка на двете првопласирани селекции во групата, кои следниот месец ги очекува историската пресметка во која победникот за првпат ќе обезбеди пласман на еден европски шампионат.

Јасно е дека двајцата селектори ќе тактизираат со составите и ќе кријат дел од адутите, но Вајс е дециден дека и утрешниот меч е многу важен, за освојување на првото место во групата.

„Се бориме за првото место во новото издание од Лигата на Нации, затоа утрешниот натпревар е важен. Ќе ни недостигаат неколку фудбалери, исто како и кај домаќините, но верувам дека ќе бидеме максимално подготвени, без разлика дали Македонија ќе стартува со четири или со три играчи во дефанзивната линија. Знаеме дека Македонците играат креативно, со многу додавања, но наша цел е да одиме на ЕВРО 2021, исто така и да го освоиме првото место во оваа нова Лига на Нации“, истакна Вајс.

Се вчитува...