Ваков „кралски срам“ не се памети: Реал губи 0-3 за едно полувреме

Реал Мадрид игра катастрофално прво полувреме на отворањето од сезоната во ЛШ, откако „кралевите“ за неполни 40 минути се најдоа во негатива од 0-3 на дуелот со Шахтјор Доњецк.

Украинците допатуваа во Мадрид без дури деветмина првотимци, но и со комбиниран состав им држат лекција по модерен фудбал на избраниците на Зидан. Бразилецот Тете е во главна улога, постигнувајќи го првиот и асистирајќи при третиот гол за Шахтјор, додек вториот погодок беше автогол на Варан.

Реал е непрепознатлив во последно време, па по фијаското на домашен терен од Кадиз во Примера Дивизион, „кралевите“ вечерва се соочуваат со нова бламажа.

Се вчитува...