Ваква доминација немало од 1988 година: Свијонтек ја растури Плишкова со 6-0, 6-0

Ига Свијонтек се закити со трофејот на турнирот во Рим откако во големото финале ја декласираше Каролина Плишкова со неверојатни 6-0, 6-0.

Полската тенисерка влезе како фаворитка во финалето, но никој не очекуваше дека може на ваков начин да ја демолира ривалката од Чешка. Свијонтек во првиот сет и препушти на Плишкова само четири поени, а потоа продолжи да доминира до самиот крај, минувајќи на теренот само 46 минути за својата прва титула на ВТА 1000 турнирите.

Ова е прва максимална победа од 6-0, 6-0 на едно финале од поголемите турнири откако Штефи Граф со идентичен резултат ја демолираше Наташа Зверева на Ролан Гарос во 1988 година. Седум години претходна, Крис Еверт на идентичен начин ја понижи Мартина Навратилова во финалето на турнирт во Амелија Ајланд.

Се вчитува...