Валбуена потпиша за Фенербахче

Фенербахче го освои само третото место сезонава во турскиот шампионат, а челниците на гигантот од Истанбул подготвија сериозни инвестиции за тимот во следната сезона да се бори за титулата.

Фановите на Фенер денеска на аеродромот во Истанбул го пречекаа Матиу Валбуена, кој ќе биде едно од големите засилувања на овој тим во преодниот рок. Францускиот плејмејкер пристигнува за четири милиони евра од редовите на Лион и потпиша тригодишен договор со турскиот фудбалски гигант. Тој е првото од двете засилувања што ќе пристигнат во Фенербахче од Франција, со оглед на фактот дека во завршна фаза се преговорите за трансферот на Набил Дирар од Монако.

Воедно, веќе е официјализирано и доаѓањето на Екичи од Трабзон, а пред договор со Фенербахче се наоѓа и искусниот голман на Малага, Карлос Камени.

Се вчитува...