Валбуена: Вардар не вознемири, но чекајте – има реванш!

Францускиот интернационалец од редовите на Фенербахче, Матиеу Валбуена не го крие разочарувањето од поразот на „Телеком арената“.

Валбуена признава дека Вардар успеа до максимумо да го „раздрма“ нивниот тим, но потенцира дека остануваат уште 90 минути за игра…

„Да, многу сме вознемирени со овој пораз, но чекајте има и реванш натпревар. Не го заслуживме поразот во Скопје, но сигурен сум дека тоа што ни следува ќе си го земеме пред нашите навивачи во Истанбул“ – вели Валбуена.

Се вчитува...